Спречен атентат врз принцот Чарлс


Шест лица се уапсени во Ирска под сомневање дека ковале план за атентат на принцот Чарлс и на неговата сопруга, војвотката од Корнвол, Камила Паркер Боулс, за време на нивната посета на зелениот остров закажана за следната недела.

Се претпоставува дека уапсените се поврзани со ИРА или некоја друга илегална сепаратистичка организација, какви има сè повеќе во Ирска и кои, според законите на Обединетото Кралство, се сметаат за терористички организации. prince-charlesf

Уапсените се на возраст од 21 и од 62 години и се приведени во станицата во градот Граде, кој е на еден час оддалеченост од Маламор, каде Чарлс би требало да мине дел од четиридневната турнеја во Ирска.

Полицијата открила експлозив и оружје на различни места при повеќе од 20 рации, кои имале цел да ги разбијат републиканските групи.

Чарлс, за време на посетата, требало да му оддаде почест на својот ментор, лорд Маунтбатен, кого ИРА го уби во бомбашки напад во 1979 година, заедно со синот и со ќерката, разнесувајќи го во воздух нивниот брод.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1