МВР: Кинењето македонското знаме е срамен чин на газење на сопствената историја


Многу херои и патриоти својот живот го положиле во одбрана на македонското знаме и секој обид да се претстави како невина жртва лицето кое го симнува и кине знамето пред Владата на Република Македонија е срамен чин на газење на сопствената гордост и историја, се вели во денешното соопштение од МВР.

zname

Според полицијата, подеднакво срамен чин е и обидот вандалите кои со бекатон плочи и шипки повредија 38 полициски службеници да бидат претставени како студенти кои мирно демонстрирале. – Уште посериозна е опасноста барањата за нивна амнестија да се сфатат како дополнителен поттик или мотив за нови неказнети насилства на претстојните протести, се наведува во соопштението.

Заради елиминирање на сите изречени невистини, како што се додава во соопштението, јавноста може и сама да се увери во кривичните дејствија на 18-те идентификувани против кои досега е процесуирана кривична пријава за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1