Чуден оглас за работа се појави во Велика Британија. Човек од 69 години бара куќна помошничка, но под еден услов – да работи гола.
За оваа работа нуди 20 фунти за час, а во огласот наведува дека од нea бара да миe садови, да чисти прашина и да раскрева низ куќата.
Несекојдневниот оглас не вклучува секс услуги, а човекот, кој се претставува како Џон, не смета дека со тоа ги дискриминира жените.
-Не правам ништо лошо, никому не нанесувам зло. Јас сум воајер во најбанална смисла на зборот. Ако сум перверзен би користел услуги на ескорт агенции, да сакам секс би одел во јавни куќи, изјави Џон.
Пред да го објави огласот, сепак се консултирал со локалниот суд, кој одговори дека огласот е во ред, дека не станува збор за непристојност и дека не дискриминира.
Претходно по ист оглас кај него работела 35 годишна жена која кажува дека не е толку страшно како што замислуваат.