Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер.
Попладне се очекува развој на нестабилна, купесто дождовна облачност, која ќе донесе локален дожд и грмежи во поголем дел од земјава. Повремено врнежите ќе имаат пороен карактер. По 17 часот зголемена и повремено нестабилна облачност има во северните делови од земјата и сосема на југоисток во Радовишко и во Струмичкиот дел.
До крајот на денов ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, претежно во источните делови од земјата. Во вечерните часови нестабилноста ќе се намалува.
Нестабилното време продолжува и утре.