Италијанскиот мафијаш Џилијано Лампада за 7 месеци ослабнал 10 килограми иако не ја напуштил својата ќелија. Лампада одбивал да јаде се освен овошје и грицки додека бил во затвор. По прегледот од страна на десетина лекари тој е прогласен за неспособен за затвор!?
Мафијашот Лампада, според експертите поради начинот на живот развил аверзија кон луѓето во униформа, а поради решетките на ќелиите паднал во депресија.
Судијата во Милано му дозволил да биде во куќен притвор за да може да се опорави.
Инаку Лампада е уапсен во ноември 2011 година и осуден на 14 години и пет месеци робија поради поврзаност со италијанската мафија.