Џихад девојките од Босна сега се бремени и сакаат да се вратат кај родителите!


Тинејџерките, по потекло од Босна и Херцеговина, моментално живеат во Рака, седиштето на радикалната организација Исламска држава.

Малолетните Самра Кесиновиќ (17) и Сабина Селимовиќ (15), кои од Австрија заминаа во Сирија како би ѝ се придружиле на Исламската држава, сега се бремени и сакаат да се вратат назад кај родителите.

Samra-Kesinovic-and-Sabina-Selimovic-bremeni-02-630x421

Тинејџерките, кои се по потекло од Босна и Херцеговина, моментално живеат во Рака, седиштето на радикалната организација Исламска држава.

Тие ги напуштија своите семејства во Австрија, оставајќи им само порака – “Не барајте нè нас, ние ќе му служиме на Алах – и ќе умреме за него”.

Тие сега сакаат да се вратат дома, а наводно веќе и контактирале со своите родители.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Австрија, Карл-Хајнц Грундбек, тврди дека нивните шанси за враќање назад во нивните домови се исклучително мали, а дури и ако успеат да побегнат од срцето на Исламската држава, не би можеле да останат во Австрија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1