Нови „бомби“ ќе продолжат да се објавуваат од понеделник, открива лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за порталот Кирилица.
Заев открива дека пресконференциите со злоупотреби на власта нема да прекинат за време на преговорите кои треба да продолжат в среда во Брисел, туку ќе бидат внимателно димензионирани и селектирани за да не го загрозат преговарачкиот прцес.
– Ќе вниимаваме на сензитивноста на објавените аудиоматеријали. Нема да може да бидеме обвинети дека го загрозуваме преговарачкиот процес, а тоа и не го сакаме. Ќе чуеме разговори од кои ќе стане јасно како се вршеле манипулации и местенки во разни невладини организациии, граѓански здруженија, како се местеле први луѓе и што се правело во Фудбалската федерација на Македонија, на ректорати на универзитетите и факултетите и слично, вели Заев во интервјуто за Кирилица.
Според неговото кажување, најчувствителните „бомби“ како таа за случајот „Монструм“, нема да бидат објавени во текот на преговорите, ниту пак пред најавениот протест на 13 јуни, што го организира движењето „Беса“. Тој, додава, не се откажува од нивното објавување