Србија најбогата со злато, Македонија на второ место на Балканот


За две години Србија своите златни резерви ги зголемила за речиси 2,5 тони.

Богатството во овој благороден метал пораснало од 14,9 до 17,4 тони, и со тоа Србија според количеството на скапоцености е на прво место помеѓу поранешните југословенски републики, на второ место е Македонија со 6,8 тони златни, Босна и Херцеговина со 3,5 тони, Словенија со 3,2 тони , потоа следат Грција и Бугарија,   , пренесува српскиот портал „Новости“.zlato

Девизните резерви на Народната банка на Србија на крајот на ноември изнесуваат 10,27 милијарди евра . Најголемиот дел од девизните резерви, околу 69 отсто, Србија ги држи во хартии од вредност.

Според последните анализи на Светскиот сојуз за злато Србија поседува 17 златни полуги што сочинува околу 5 отсто од вкупните девизни резерви, и е водечка земја во регионот според количините на овој благороден метал депониран во трезорите на Народната банка на Србија.

Со златото се постапува мудро и конзервативно, во него се држат околу 5 отсто од девизните резерви, а тоа е тоа што и се препорачува на Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1