Обдукцијата покажа како починал 12 годишниот Стефан


Стефан Илиќ, 12-годишното момченце за кое цела Србија се крена на нозе, беше пронајдено мртво во река пред два дена. Резултатите од обдукцијата покажаа дека кај детето смртта не настапила на насилен начин и дека давењето било несреќен случај.dete kidnapirano
Како што пишува српскиот Курир, исклучена е секоја можност детето да било турнато во водата и намерно удавено. Повредите кои ги има на неговото тело најверојатно настанале во моментот кога паднал во реката.
Гордана Чојиќ, обвинителката на случајот вели дека родителите на Стефан може да одговараат за лажно пријавување киднапирање, бидејќи неговиот брат излажал, а секако против него не може да биде поднесена кривична бидејќи има 9-години, па одговорноста оди кај родителот.
Сега се сипитува дали родителите се способни за нивната родителска функција, бидејќи и онака се под Центарот за социјална работа.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1