Рамазан за верниците од муслиманската вероисповед – месец на интензивни молитви и пост од изгрејсонце до зајдисонце. Верниците го слават Рамазан 30 дена, време во кое ќе постат, ќе се воздржуваат од храна, од пијалоци, од лоши мисли и дела.
Рамазан е деветти месец од лунарниот календар, кој се смета по Месечината, а не по Сонцето. Тоа значи дека секоја година постот почнува 10 или за престапната година, 11 дена порано.
Над милијарда ипол муслимани во светот го одбележуваат почетокот на Рамазан. Според лунарниот календар почетокот на Рамазан може да се разликува од земја во земја.