Масакр во Австрија-Босанец со џип газел луѓе, па ги бодел со нож – Дете и жена меѓу жртвите


Масакрот се случил во центарот на Грац во Австрија, кога возач налетал на група луѓе и притоа усмртил најмалку три лица.

Во нападот тој повредил уште 34, од кои 10 потешко. Осомничениот излегол од својот автомобил и напаѓал минувачи со нож пред да биде уапсен, а било повредено дека потекнува од Босна.brza pomos avstrija

Човекот бил уапсен. Австриските медиуми тврдат дека возачот е 26-годишник од босанско потекло.

Седумгодишно момченце и жена, како и уше едно лице загинале која напаѓачот со теренско возило се залетал во масата пешаци на Херенграсе во центарот на Грац. Според очевидци, порталот Kleine Zeitung пишува дека напаѓачот кој во меѓувреме е фатен но не е соопштен неговиот идентитет, прво со возилото со брзина од околу 100 км на час, се залетал во една велосипедистка и во жена на мотоцикл, а потоа излегол од џипот и со нож ги напаѓал минувачите.

Според првичните информации има околу 50 повредени, од коишто десет се во критична состојба.

Извршителот, страдал од психоза поради семејни проблеми, и не е поврзан со ниедно екстремистичко движење, изјави шефот на службата за безбедност во покраината, Јозеф Кламингер. Началникот на локалната полиција Курт Кеметер, пак, потврди дека станува збор за 26-годишен австриски државјанин со босанско потекло. Тој ѝ се предал на полицијата без спротиставување, пренесува австрискиот јавен сервис ORF.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1