Амел Чуриќ е победникот на второто издание на регионалното шоу „Икс Фактор Адриа“. Тој ја доби главната награда во износ од 20.000 евра.
Амел Чуриќ прво ја отпеа песната „It’s my life” од Бон Џови, а за последниот настап во суперфиналето се одлучи за песната “Да те бог до не волим” на “Бело Дугме”. Амел уште еднаш го покажа својот раскошен талент, а жирито беше повеќе од задоволно. Амел, кој пред 11 години еднаш победил на талент шоу, призна дека сонувал за овој момент.
Нашиот Боби Мојсовски повторно ја изведе рок баладата „Bed of Roses“ маестрално и покрај здравствените проблеми. Жирито не ги штедеше пофалбите и восхитот за неговиот гигантски глас.
Судиите во своите коментари едногласно ги охрабрија двајцата финалисти дека неспорно се двата најмаестрални гласови во шоуто и дека се вистински победници, без разлика кој ќе го избере публиката за најдобар.
Амел кога ја примаше наградата изјави дека не му се верува дека втор пат победува на вакво шоу и уште еднаш го поздрави Боби откривајќи дека тој сјајно отпеал и со бронхитис, а кој знае како ќе испеел да бил во полна сила.
„Ти многу добро знаеш што правиш, и на сцената делуваш сигурно како да ова е твоја сцена“- рече Александра.
Сите ментори се согласија дека Амел се однесува на сцената како да е негова, а публиката со најдолги овации го потврди тоа.