Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во авионска несреќа која се случила во Каштели кај Сплит, Хрватска. Станува збор за мал спортски авион на компанијата „European Costal Airlines“.
Во авионот се наоѓале три лица кога леталото од се уште неутврдени причини се урнал пред самата плажа на која имало голем број туристи и капачи.
Едното тело било пронајдено веднаш, додека нуркачките екипи телото на вториот загинат го пронашле во водите на морето.
Лекарите се борат за животот на третото лице кое тешко повредено, има повреди скршеници на рацете, нозете, но и тешки повреди на главата.
Туристите кои биле очевидци на несреќата велат дека авионот летал нормално, а во еден момент нагло загубил контрола и се урнал, додавајќи дека поголема трагедија е избегната поради присебноста на пилотот.