Поради изведување на градежни работи во прекин ќе биде сообраќајот на патните правци Кичево-Охрид и Кривогаштани-Крушеани.
На патниот правец А2 Кичево-Охрид, кај месноста Лавчанско речиште, сообраќајот ќе биде во прекин од 16 до 17 часот поради минирање.
На патниот правец 2335 Кривогаштани-Крушеани ќе биде затворен сообраќајот за секаков вид на моторни возила во период од 05-08 часот поради градежни активности за водовод.