Сочи поплавен – почна евакуација на населението


Рускиот град Сочи е поплавен поради поројните дождови. Запре движењето на возовите,а автомобилите се речиси целосно под вода, јавуваат руски медиуми.Повеќечасовните обилни врнежи од дожд предизвикаа големи проблеми во руското летувалиште Сочи. Повеќе делови од градот се поплавени , во прекин е железничкиот сообраќај, надојдената вода потопи и неколку автомобили низ градски улици.soci poplava

Тасс јави дека почната е евакуација на населението од две населени места околу Сочи. Засега нема информации за жртви. Запрено е и доставувањето природен гас, на струја и на вода.

Ситуацијата станала катастрофална, кога освен поројниот дожд и околните реки излеале од своите корита. Под вода се Централниот, Адлерскија и Хостинската област. Се евакуираат луѓето и од Имеретинскајата област каде што се поплавени 400 куќи.

Според градоначалникот на Сочи Анатолиј Пахомов властите се обидуваат да ја завршат евакуација, но многу од луѓето не сакаат да ги напуштат своите домови, пренесува ТАСС

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1