Гратчето Ганџи на Сицилија донело одлука по цена од само едно евро да продава куќи. Откако ја видела таа вест, една жена од Австралија поминала долг пат до Италија за да си купи една. Сепак, не било сè така совршено.
Имено, Тавија Мекнатан поминала неколку илјади километри за да си купи една слатка куќичка на Сицилија. Сепак, кога пристигнала таму, ја дочекало непријатно изненадување – куќата, сепак, чинела 15.000 евра.
– Бев таму една недела. Куќите кои се на продажба се во ужасна состојба. Треба да се урнат и да се изградат нови. Исто така, за таксите и даноците треба да се издвојат многу пари – рекла таа.
Имено, во ова место со поглед на вулканот Етна живеат 7.000 жители, а е оддалечено 120 км од Палермо и еден час возење од морето.
Местото не е многу популарно поради силните зими, но е прекрасно поради мирот и куќичките кои се изградени со дебели камени ѕидови и мали прозорци.