Од утре пониски цени во роаминг помеѓу Македонија, Србија и БиХ


Од утре ќе се разговара по пониски цени во роаминг во мобилната телефонија помеѓу Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, согласно потпишаната Спогодба меѓу државите во септември лани.

Според договорот, за минута појдовен повик ќе се наплаќа по 17,9 денари, а за дојдовен по пет денари. СМС-порака ќе се испраќа за 5,5 денари, а мегабајт интернет ќе чини 43 денари. Цените се без пресметан ДДВ, а  ќе важат до 30 јуни следната година, по што ќе следи ново намалување.iphone6666

Тогаш минута разговор треба да се наплаќа за 14,76 денари, СМС порака 4,92 денари, а мегабајт интернет 27,6 денари. Од 1 јули 2017 година, пак, цената за минута разговор треба да чини 11,6 денари, СМС-пораката да се намали на 3,7 денари, а интернетот до 12,3 денари за 1МБ.

Со сегашните цени од македонските оператори за минута разговор во роаминг кон Србија и БиХ се наплаќа од 80 до 150 денари, а за СМС од 16 до 20 денари.

Потписник на договорот е и Црна Гора но, според последните информации, за негова примена се чека на нови решенија за операторите од тамошното регулаторно тело.

Спогодбата за пониски цени во роаминг што четирите држави ја потпишаа во Будва, е отворена и за останатите балкански држави.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1