Саудискиот принц го донира целото богатство од 32 милијарди долари


Еден од најбогатите луѓе на светот изјави дека целото свое богатство од 32 милијарди долари ќе го донира во добротворни цели.

Бин Талал соопшти дека парите ќе бидат наменети за поттикнување на културното разбирање, еманципација на жените  и за обезбедување помош во катастрофи.princ saudi

Шеесет-годишниот милијардер, внук на кралот Салман, појасни дека за ваквата одлука бил инспириран од фондацијата „Гејтс“ формирана од Бил и Мелинда Гејтс.

Тој е 34-ти на листата на „Форбс“ на најбогати луѓе во светот.

Парите ќе бидат директно ставени на сметка на неговата хуманитарна организација, „Алвалид филантропи“, каде веќе има донирано 3,5 милијарди долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1