Удавен маж е пронајден синоќа околу 20 часот во водите на Охридското Eзеро, во непосредна близина на комплексот „Парк “. Се работи за 46-годишниот Гоце И. од кратовското село Живалево, кој во 18 часот и 50 минути синоќа бил пријавен за исчезнат.
Телото на давеникот од водата го извлекле екипи на Црвен крст. Извршениот увид на медицинска екипа покажал дека се работи за ненасилна смрт.
Ова е втора жртва во Охридското Езеро оваа сезона. Пред неколку дена се удави лице во близина на туристичката населба Пештани, кое, според увидот, доживеало срцев удар во водата.