Смрт од срцев удар констатирала медицинска екипа по прегледот на мртвото тело на 46-годишниот Гоце И. од кратовското село Живалево, за кого претходно беше соопштено дека се удавил во Охридското Езеро вчеравечер, соопшти СВР Охрид.
Безживотно машко тело синоќа околу 20 часот е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Горица1“. Телото е пронајдено од спасителите на вода од Црвениот крст, на оддалеченост од околу 20 метри од брегот на езерото, на плажата во близина на поранешниот хотел „Парк“, информира СВР Охрид.
Според полицијата, станува збор за Гоце И. (46) од кратовското село Живалево, кој во 18:50 часот синоќа бил пријавен за исчезнат.