Бившиот и го уништи лицето со киселина: Еве како изгледа 7 години подоцна на нејзината свадба


Седум години по стравичниот напад со киселина, британката Кејти Пајпер (32) го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Ричард Сутон, на трогателната церемонија, на која во прв план била прекрасната невеста.kejti-pajper5

Кејти во март 2008 година, преживеала страшни изгореници откако нејзиниот поранешен партнер, Дејвид Линч, го ангажирал Силвестер за напад во кој младата жена се здобила со тешки изгореници на лицето и горниот дел од телото. Инцидентот по игра на случајност бил снимен, а двајцата добиле доживотна затворска казна, без можност за помилување во следните 16, односно 12 години.kejti-pajper4

Таа со денови после нападот била во кома, а во меѓувреме поминала низ 40  операции за да го врати стариот изглед.

„Бракот со  Ричи е најдоброто  нешто што  ми се случило до сега, веднаш по раѓањето на нашата ќеркичка“, вели таа и додава дека е неверојатно среќна што нејзината приказна добила среќен крај.iz500

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1