Собранието ги избра новите министри


Собранието на Република Македонија на денешната 76 седница ги избра Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Форсина Ташевска Ременски за министер за труд и социјална политика и Марта Арсовска- Томовска за министер за информатичко општество и администрација.sobranie_RM

За Спасовски гласаа 101 пратеник, воздржани и против немаше, за Ташевска Ременски исто така гласаа 101 пратеник, воздржани и против немаше, додека за Арсовска- Томовска 71 пратеник гласаа „за“, додека 31 беа против.

Собранието претходно ги констатира оставките на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика Митко Чавков и Диме Спасов, на министерот без ресот Висар Фида и на заменик министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска- Томовска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1