Згрозени сме од обидот за убиство на колегата и повикот за линч на лекарите


Лекарскиот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија-Скопје најостро го осудува говорот на омраза во јавноста искажан преку социјалните мрежи, портали односно пишаните и електронските медиуми, се вели во соопштението.

-Она што особено нè загрижува е отсуството на реакција на повиканите институции истото да го спречат, осудат и санкционираат. Разбирајќи го незадоволството на граѓаните поради длабоко нарушената доверба: лекар-пациент, сепак е неразбирлив од наша страна повикот за линч на сите лекари.kliniki- brza pomos urgenten

Згрозени сме од настанот кој се случи на  09.11.2015 година односно обидот за убиство на нашиот колега на неговото работно место и реакциите на јавноста. Читаме се посилни повици за линч на лекарите и ширење на лажни информации за кои цврсто веруваме дека се невистинити. Се деградираат професионалци кои со љубов и пожртвуваност ја работат својата хумана професија и отсуството на поддршка во вакви тешки моменти особено нè повредува. Таквите реакции само го продлабочуваат јазот и никому нема да донесат добро, ниту пак водат кон некакво решение, се вели во соопштението испратено од лекарскиот колегиум на Клиниката за дигестивна хирургија.

Министерот за здравство Никола Тодоров по состанок со лекарите истакна дека во четврток и петок на Клиниката ќе се примаат самоо итните случаи, додека елективните и амбулантски прегледи ќе се извршуваат во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8-ми Септември“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1