Околу 1000 луѓе се евакуирани вечерва од хотелот „Космос“ во Москва, после соопштението дека во него е поставена бомба, пренесува Спутник.
-„После алармот за минирање на хотелот, почна екауација, веќе се извадени околу 900 луѓе“, изјавил извор.
Според неговите зборови, хотелот го пребаруваат специјални служби со кучиња.