ИЗБЕГНAТО ГОЛЕМО КРВОПРОЛЕВАЊЕ: Бомбаш самоубиец имал билет за да влезе на стадионот


Најмалку двајца бомбаши-самоубијци се обиделе да влезат на Националниот стадион во Париз за време на натпреварот Франција – Германија и да предизвикаат многу поголемо крвопролевања, информираат локалните медиуми.692425_tan201511132343109011_f

За време на рутинската контрола безбедносните органи кај бомбашот самоубиец го забележале неговиот елек полн со експлозив. Терористот се обидел да влезе на стадионот петнаесет минути пред почетокот на средбата.

Откако бил откриен, почнал да бега од полицијата, а потоа веднаш го детонирал елекот кој за среќа никој не повредил освен него.

Три минути по детонацијата и уште едно лице се разнело во близина на стадионот, додека третиот бомбаш-самоубиец го активирал експлозив во близина на ресторан.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1