Француската и американската војска ги засили нападите на позициите на Исламска држава, откако се случија страшните напади во Париз, каде животот го загубија 129 невини лица.
Францускиот претседател, Франсоа Оланд најави немилосрдна воја против џихадистите на ИД.
Доцна синоќа започнаа многу жестоки бомбардирања на сирискиот град Рака, каде е главно упориште на џихадистите на ИД.
Германски „Билд“ пишува дека и Американците веќе се одмаздуваат за своите пријатели – Французите и фрлаат бомби врз позициите на Исламската држава со посвета. На бомбите пишува “From Paris, with love”, односно „Од Париз, со љубов“.