Двајца загинати и четворица повредени е резултатот од силниот земјотрес што го погоди грчкиот остров Лефкада.
60-годишна жена загинала во својата куќа, смачкана од карпа што се одвоила од планината. Повредените, меѓу кои и 12-годишно дете, се хоспитализирани.
Има извештаи за голема штета на патната мрежа на островот.
Земјотресот бил со јачина од 6,1 рихтер и епицентар на 25 километри од Лефкада. Уследиле 20-тина последователни потреси, од кои најсилниот со јачина од 5,2 рихтери.
Вонредна е состојбата и на островот Итака, каде што има многу оштетени цркви, куќи и дуќани и патниот сообраќај е во прекин. Земјотресот се почувствувал и во Атина.