Два лета на „Ер Франс“ од САД за Париз принудно слетаа поради дојава за бомби


Два лета на „Ер Франс“ од САД за Париз беа откажани вчера поради безбедносни причини, соопшти американската Федерална управа за цивилно воздухопловство.Маршурите им беа променети поради анонимни дојави за бомби во двете летала. air france avion

Авионот „Ербас А-380“, полетал од Лос Анџелес, слетал во Солт Лејк Сити, во сојузната држава Јута, каде патниците и екипажот биле симнати од леталото и префрлени на терминалот.

Друг лет од меѓународниот аеродром Далс, покрај Вашингтон, бил пренасочен кон меѓународниот аеродром Халифакс во канадската провинција Нова Шкотка, исто така поради безбедноста закана.

И двата авиона слетале без проблеми.

Агентите на ФБИ не пронајдоа експлозивна направа во авионот на „Ер Франс, кој сообраќаше на летот од Лос Анџелес до Париз

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1