Исламската држава објави видео снимка во која се наведува дека Њујорк е потенцијална мета на нападите, а градските официјални лица и полицијата истакнуваат дека за сега за такво нешто не постојат „специфични и веродостојни закани“.
Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио вчера рече дека „жителите на Њујорк нема да бидат заплашени“.