Херојството на убиената Парижанка било откриено кога го поместиле нејзиното тело


Петгодишното дете пронајдено под безживотното тело на својата мајка во концертната сала “Батаклан” во Париз, преживеало само благодарение на пожртвуваноста на 25-годишнаа Елза Делплас, која синчето го заштитила со своето тело кога вооружените терористи отвориле оган на масата која присуствувала на концертната група “Eagles of Death Metal”.elza-delplas-majka-heroj-01

Нејзината мајка, 61-годишната Патрисија Сан Мартен исто така загинала во масакрот. Кога започнало пукањето, и Елза и Патриција се фрлиле над 5-годишниот Луј, очајнички обидувајќи се да го заштитат од куршумите.

“Елза Делплас и нејзината мајка Патрисија починале во петокот под дождот од куршуми во салата “Батаклан””, напишала пријателката на Елза, Сихем Суид во соопштението за француското списание Poan.

“Со неа бил и нејзиниот син Луј. Луј бил пронајден во болницата “Венсен”, вознемирен, исплашен и прекриен со крвта на неговата мајка, која сакала да го заштити од куршумите”, додала таа.

“Елза беше весела личност, која секогаш имаше насмевка на усните, дури и кога ѝ беше тешко. Се занимаваше со добротворна работа, учествуваше во културни и уметнички активности. Прекрасно свиреше на виолончело. Беше и голем борец против неправдата. Мислам дека целото семејство беше такво. Нејзината мајка, Чилеанка, побегнала од диктаторскиот режим на Пиноче”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1