Ванхауте против тоа да се ограничуваат медиумите во се


Изборниот законик предвидува казни до осум илјади евра за медиумите кои нема да известуваат рамноправно, балансирано и професионално за изборните активности.

Ванхауте порача дека во медиумите потребни се независни експерти чија главна цел ќе биде да работат во интерес на медиумите.vanhaute
Тој не се согласува со барањата за регулација на сите можни аспекти поврзани со медиумите и вели дека има поместување во ставовите на партиите и во однос на овие прашања.

„Не можете да регулирате, на пример, кај приватните телевизии колку лица ќе вработат. Вакво решение нема никаде во Европа, немам никаде видено во ниту едно демократско законодавство. Парламентот и државата немаат мандат за да одлучуваат колку програма ќе биде одвоена за информативна содржина, колку за забавна во однос на приватните медиуми“, изјави Ванхауте.

Ванхауте размени мислења со новинарите. Призна дека се политизирани сите прашања.

-Се надевам дека  ќе успееме да ја поднесеме целата релевантна регулатива  за медиумите, за законите за регулаторот на медиумите, како и законите кои се однесуваат на пристапот до информации, што е исто така многу важно, како и за клеветата. Целиот пакет треба да биде подготвен за поднесување во парламентот  до идниот петок, нагласи медијаторот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1