Исламската држава за 8 месеци на „црниот пазар“ н Турција и продала ираќка нафта и гас во вредност од 800 милиони долари, по цени два пати пониски ос светските, според податоците на специјалните служби, изјави поранешниот советник за национална безбедност на Ирак и еден од лидерите на парламентарната коалиција на Држава закон Мувагак ел Рубај.
„Во изминатите 8 месеци остварена е продажба на ирачка нафта и гас на Турција во вредност од 800 милиони долари, притоа по цена која е 50 проценти помала од цената на светскиот пазар“ рече ел Рубај.
-„Тоа е она што ние го нарекуваме кислород која ја храни ИСИС и ако го прекинеме дотокот на тој кислород ќе успееме да ја угушиме“, додава тој.