Ноќта сабота кон недела околу 02.30 часот на автобуската постојка на булеварот „Кочо Рацин“, кај Олимписки базен, три непознати машки лица физички ја нападнале 23-годишната скопјанка А.Д.
Лицата излегле од автобус на ЈСП, по што еден од нив без повод и причина физички ја нападнал, ја удрил со тупаница во пределот на главата, од што и се нанесени повреди во вид на оток на левата страна на главата.
Настанот го пријавила истиот ден во полициската станица во Центар, каде се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.