Нетанјаху призна: Израел не седи со скрстени раце – дејствува во Сирија


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел „од време на време“ дејствува во Сирија за да ја спречи испораката на оружје за израелските непријатели, информираа американските медиуми.

Изјавата на Нетанјаху е досега најјасното признание за израелските активности во соседна Сирија.netanjahudpagr

Се смета дека од почетокот на војната во Сирија Израел извел повеќе воздушни напади врз сомнителни конвои со оружје и други цели, стравувајќи од евентуални испораки на модерно оружје за групата Хезболах во Либан.

Нетанјаху и други високи израелски функционери претходно напоменаа дека Израел дејствува во Сирија, но одбиваа да коментираат за конкретни напади.

Изјавата е дадена во момент кога Израел и Русија градат механизам за воена координација во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1