Либерално-демократската партија смета дека легализацијата на канабисот во медицински цели мора да се направи во што најскоро време.
„ Се’ поголем дел на луѓе заболени од најразличен вид на болести го користат маслото од канабис како лек. Не смееме од луѓе со сериозни здраствени проблеми да правиме криминалци.
Се додека канабисот е нелегален, лековите што произлегуваат од него нема де бидат стандардизирани, а судбината на одредени болни ја оставаме во рацете на најразлични дилери.
Доста беа дебати и тркалезни маси на тема дали канабисот лечи или не. Наместо да се дебатира треба да се увиди фактичката состојба. Во светски рамки има научници и доктори кои веќе педесет години истражуваат на оваа тема и имаат емпириски докази за лековитите дејствија на канабисот. Не случајно легализацијата на канабис е веќе реалност во најразвиените држави во светот.“ се вели во соопштението.
ЛДП ја повикува власта со, како што велат, наводната конструктивност и организирање дебати на оваа тема.
„Единствената дебата, треба да се води во сообранието на тема каков закон ќе донесеме со што ќе овозможиме легална употреба на канабисот во медицински цели.“, велат од ЛДП.