Судовите утре нема да работат два часа, поради протест на дел од администрацијата. Дактилографките во 10.00 часот ќе ги напуштат судниците и два часа ќе стојат пред судовите во знак на протест поради Законот за судска служба, за кој велат дека е полн со нејаснотии и не дефинира кој е судски службеник, кој административец, а кој јавнообвинителстки службеник, јави Нова.
Тие одлучиле да протестираат бидејќи средбите со министерот за правда не придонеле законот да се смени.