Маж и жена го извршиле нападот во Калифорнија – само дошле и почнале да пукаат (Видео)


Напаѓачите кои во Калифорнија, во средата убија 14 лица, се идентификувани како Сајед Фарук и Ташфин Малик, соопшти полицијата.

Шефот на полицијата на Сан Бернардино, Џерод Бургуан, соопштил дека Фарук, кој е роден во САД, присуствувал на забацата во центарот Инланд, а потоа се вратил и започнал да пука.5444

Полицијата верува дека Фарук и Малик биле единствените напаѓачи, а мотивите за нападот сеуште се непознати, пренесуваат светските агенции.

Во нападот биле убиени 14, а ранети 17 лица, а потерата по напаѓачите траела нешто повеќе од четири часа. Според полициски и болнички извори напаѓачите се убиени, а од повредените 10 лица се наоѓаат во критична состојба.

Инаку по нападот полицијата која трагала по напаѓачите, речиси целосно уништила едно црно теренско возило, оддалечено на околу три километри од местото на кој се случи нападот.

Во возилото се убиени маж и жена, кои биле облечени како командоси и имале автоматски пушки, рекол шевот на полицијата Бургуан.

Роднините на убиените рекле дека убиените биле венчани.

Престрелката се случила во 11 часот по локално време (20 часот по македонско), во регионалниот центар „Inland“, кој обезбедува помош за луѓе кои страдаат од ментални нарушувања. Тој е еден од најголемите и најпосетувани во Калифорнија, од лица со аутизам и ментална ретардација.

Ова е најтешкиот напад во САД, по оној пред три години кој се случи во училиштето во Њутаун, во државата Конектикат, кога беа убиени 26 ученици.

Сан Бернардино е град со околу 200.000 жители, а се наоѓа на 100 километри источно од Лос Анџелес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1