ДА СЕ ВРАТИ „СТАРОТО“ РАБОТНО ВРЕМЕ ИЛИ ВОВЕДЕ ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ – УПОЗ ја реактивира Иницијативата


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија повторно ќе ја реактивира Иницијативата за враќање на „старото“ работно време, велат за Академик од УПОЗ. Претседателот на УПОЗ, Пеце Груевски, вели дека постојано од нивните членови, како од и граѓаните добиваат бројни прашања во врска со реализацијата на Иницијативата, како и барања што поскоро да се воведе работно време од 07:30 – 15:30 часот (летно работно време) и од 08:00 – 16:00 часот (зимско работно време) или да се определи флексибилно работно време во зависност од потребите на институциите.petok rabota

Во иницијативата, Синдикатот на УПОЗ бара да се промени работно време, односно да се воведе работно време од 07:30 – 15:30 часот (летно работно време) и од 08:00 – 16:00 часот (зимско работно време) или да се определи флексибилно работно време во зависност од потребите на институциите. Од УПОЗ објаснуваат дека доставиле до Владата иницијатива за промена на работното време, откако претходно се расправало на работната група формирана од Економско – социјалниот совет на РМ.

„Пристојно работно време“

Прашањето за флексибилното работно време се елаборира и од страна на Меѓународната организација на трудот, во публикацијата „Пристојно работно време – Урамнотежување на потребите на работниците со барањата на работното место“.„Нефлексибилното“ работно време и ограничената грижа за децата одат во насока на зајакнување на традиционалната поделба на трудот во семејството, а пристојното работно време им помага на работниците да постигнат подобра рамнотежа меѓу работата и приватниот живот, се вели во Публикацијата.

Подетално прочитајте на – Академик.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1