Поранешната свршеница на Чарли Шин го тужела американскиот актер за немарност и душевна болка поради тоа што и открил дека е ХИВ позитивен дури откако најмалку пет пати имале сексуални односи.
Скотин Рос (26) на 3 декември ја поднела тужбата во судот во Лос Анџелес.
Педесетгодишниот Шин минатиот месец, во емисијата „Тудеј“ на американската мрежа „Ен-би-си“, призна дека е ХИВ позитивен.
Скотин Рос, порно-ѕвезда која настапувала под името Брет Роси, го запознала Шин во ноември 2013 година и со актерот се согласила да има сексуални односи за 10.000 долари. Тие, потоа, се свршиле во 2014 година.
Адвокатот на Чарли Шин рекол дека неговиот клиент ги отфрла сите обвиненија и дека постојат сведоци кои ќе потврдат дека изјавите на неговата поранешна свршеница не се точни.
Актерот, и пред проблемите со ХИВ, поради консумирање дрога и алкохол повеќе пати беше тема во таблодите кои пишуваа за неговите приватни и здравствени проблеми.