Лепен победи – Потврден историскиот успех на француската крајна десница


Партијата од крајната десница Национален фронт (FN) убедливо победи на регионалните избори во Франција, први кои се одржаа по терористичките напади од 13-ти ноември во главниот град Париз, според последните податоци на министерството за внатрешни работи.

Националниот фронт на Марин Лепен освоила 28 отсто од гласовите на национално ниво, и води во шест од 13-те региони во континентална Франција. Втора политичка сила е конзервативната партија од десниот центар Републиканци (поранешната UMP), на поранешниот француски претседател Николас Саркози и има предност во четири региони, додека владејачката Социјалистичка партија на актуелниот претседател Франсоа Оланд води во два региона со 23,5 отсто од гласовите. На Корзика во водство се левите сили.lepenn_ret

Вториот круг е предвиден за 13-ти декември, а овие регионални избори претставуваат последното одмерување на политичките рејтинзи пред претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат во 2017 година, пред коишто Марин Лепен, исто така е во водство во анкетите за имањето намера да се гласа во првиот круг од претседателските избори.

Националниот фронт има водство во три клучни региони, на северот во Нор-Па-де-Кале-Пакарди, каде што се кандидираше неговата челничка европратеничката Марин Лепен, на југоистокот во регионот Прованса-Алпа-Азурен брег, каде кандидатската листа ја води нејзината внука Марион Марешал-Лепен, пратеничка во Националното собрание, и на истокот во регионот Алзас-Шампањ-Ардени-Лорен, каде води стратегот на компанијата Флориан Филипот. Притоа, Лепен и Марешал-Лепен се со голема предност со осовиени околу 41 отсто од гласовите.

Крајната десница води и во централниот регион Сентр-Вал-де-Лоар, во источниот Бургундија-Франш-Комт и во јужниот Ланжедок-Русијон-Средни Пиринеи.

Марин Лепен ги поздрави „фантастичниот резултат“ на северот и изрази „подготвеност да оствари националност единство коешто ѝ е потребно на земјата“. На југот Марион Марешал-Лепне изразија задоволство од „апсолутно историскиот резултат“ кој означува „крај на стариот систем“.

Медиумите како особен куриозитет го посочуваат тоа што во понеделникот париските дневни весници Le Figaro (конзервативен) и L’Humanite (комунистички) излегоа со насловни страници на кои доминираше насловот „Шок“.

Напредокот крајната десница во Франција е во континуитет по пробивот на Националниот фронт остварен на локалните и европските избори во мај 2014 година, со уште тогаш неверојатниот за нив резултат 25,2 отсто во март 2015 година на окружните избори.

Оваа партија, којашто Социјалистичката партија и Републиканците ја нарекуваат „нерепубликанска“, има приврзаници во сите слоеви на општеството, коешто започна да го врти грбот на етаблираната политичка елита во земјата во којашто невработеноста погаѓа околу 3,6 милиони луѓе. Победата на крајната десница на 13-декември, па макар и во една или повеќе покраина, ќе претставува историски пресврт во француската политика, сметаа коментаторите.

Социјалистите најавија дека ќе направат ткн „републиканска опструкција“ односно, ќе ги повлечат кандидатските листи во двата региона каде во големо водство се претставничките на династијата Лепен. Станува збор за вообичаена практика на десниот и левиот центар со којашто во минатото беа оневозможувани да победат кандидатите на крајната десница.

„Жртвата е голем. Во следните пет години социјалистите нем ада ги има во советите на тие региони“, призна генералниот секретар на Социјалистичката партија, Жан-Кристоф Камбаделис. Неговата партија досега беше водечка во сите региони, а сега може да остане само во две.

Меѓутоа, републиканскиот челник Саркози уште пред гласањето најави дека неговата партија овојпат нема да ги повлече кандидатските листи, без разлика на резултатите, што беше жестоко критикувано од владејачките социјалисти.

Во прогнозите пред терористичките напади во Париз, Републиканците на Саркози го загуби теренот во полза на Националниот фронт. Саркози во неделата вечерта повтори дека нема да има „спојување“ со левицата, „ниту повлекување“ пред крајната десница во вториот круг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1