Една Хрватка која била во посета на Нови Сад во полиција пријавила дека непознато момче со кое ја поминала ноќта во хотелска соба, побегнало со нејзиниот „Мерцедес“.
Како што пренесуваат српските медиуми, девојката со својата пријателка отпатувала во Нови Сад поради забава. Тие двете тргнале во обиколка на кафулињата, а во едно од нив се запознала со момче кое по забавата го поканила во својата хотелска соба.
– Утрото кога девојката и нејзината пријателка се разбудиле, виделе дека момчето го нема, но не насетувале што се случило. Но кога требало да си тргнат за дома, следел вистински шок, раскажува изворот.
Прво што виделе е дека и ги нема клучевите од автомобилот. Иако мислеле дека ги загубиле, тие отишле пред хотелот и сфатиле дека го нема автомобилот.
– Во полиција исто така не им биле од помош на девојките бидејќи за крадецот не знаеле речиси ништо. Инспекторите се надеваат дека камерите повеќе ќе помогнат во оваа истрага, открил доброупатен извор.