Си купиле станови а неможат да ги заведат – Општина Центар нема слух за маката на овие станари


40 граѓани си купиле станови и скапо ги платиле а сега неможат да си го запишат правото на сопственост. Тие упатуваат уште еден апел до Општина Центар – ви го пренесуваме во целостopstina centar

Апел до Општина Центар!

На 11.11.2015 година повеќе од 40 граѓани на Општина Центар кои имаат склучено Рамковни договори за продажба на недвижни имоти – станови од станбениот комплекс Соравија доставија Иницијатива до Претседателот на Советот на Општина Центар за измена на Деталниот урбанистички план заради техничка измена на катастарската евиденција каде е запишан недвижниот имот.

Причина за иницијативата е тоа што овие граѓани имаат купено станови, а недвижните имоти во катастарот на недвижности се запишани како апартмани и служат за времено сместување. Наведената грешка се провлекува подолго време и доведува до несклучување на главни договори за продажба со инвеститорот Соравиа Рисорт и ги оневозможува станарите да си го запишат правото на сопственост над недвижниот имот за кое имаат платено парични средства како за лукзузни станови. Покрај ова, евиденцијата на недвижниот имот како апартмани за времено сместување повлекува и дополнителни трошоци за одржување кои на крајот паѓаат на товар на граѓаните.

Токму поради тоа граѓаните ја поднесоа иницијативата со надеж дека Советот на Општина Центар претставуван од неговиот претседател ќе им излезе во пресрет и ќе се обиде да изнајде начин за решавање на нивниот веќе долгогодишен проблем. Меѓутоа, и покрај тоа, решение не е понудено. Поради тоа, граѓаните уште еднаш апелираат до надлежните да го решат нивниот проблем за што ќе биде одржан и дополнителен прес пред Општина Центар со присуство на новинари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1