ВИДЕО: ЦРНОГОРЦИТЕ НЕ САКААТ ВО НАТО: 2 000 демонстранти скандираат за Путин


Со повиците „Русија, Русија!“ околу 2 илјади луѓе синоќа во Црна Гора излегоа на протестипротив членството на земјата во НАТО. Ова се случува по само неколку дена откако оваа земја беше поканета да и се приклучи на Алијансата, јавуваат странските новински агенции.nato crna gora

Протестот беше организиран од проруските опозициски партии, кои бараат референдум за ова прашање. Поранешниот претседател Момир Булатовиќ изјави дека Црна Гора не треба да учествува во судирот меѓу НАТО и Русија и дека НАТО не е добредојден во нивната земја.

На присутните им се обрати и поранешниот претседател Момир Булатовиќ кој ги потсети дека во бомбардирањето од НАТО во 1999 година животот го загубиле 1 500 припадници на војската на Југославија и најмалку 500 цивили.

„ Со што ние го заслуживме смртоносниот напад, што тие ни го направија? Ние не направивме никаков злочин за да не бомбардираат. На рацете на НАТО има крв од невини луѓе” – порача Буталович.

Инаку, Црна Гора во почетотот на декември доби покана за влез во Северноатланската Алијанса.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1