Јас не го видов пеколот кој се случи во Париз пред еден месец, но моите деца беа сведоци. Домот ни е само на 200 метри од салата “Батаклан”, изјави во едно интервју прочуениот музичар и композитор Горан Бреговиќ.Тој ги осуди нападите, во окрвавената француска престолнина.
Според него, сепак луѓето од арапските држави немале друг начин да се борат против капитализмот. “Кога уриваш земји како Ирак и Сирија, работите се враќаат како бумеранг.Пред да почнеш да пушташ бомби во една држава, треба да процениш какви се последиците, а тие веќе се факт. Капитализмот плаќа за она што го направи во арапските држави “, посочи изведувачот.” Очигледно треба да се адаптираме во оваа нова средина и последиците од неа “, рече уште музичарот Горан Бреговиќ