Пукање во Струга: Убиено 23 годишно момче, тинејџер се бори за живот


Во полициската станица во Струга во тек се интензивни мерки за расчистување на кривичните дела „убиство“ и „убиство во обид“ извршени синоќа околу 22 часот и 30 минути на патот кон струшкото село Долна Белица.

Притоа, од здобиени повреди од огнострелно оружје, починал Фитим И.(23) од селото Долна Белица додека со тешки телесни повреди се здобил П.И.(18) од истото село кој е примен во Општата болница во Струга. Поради сериозноста на повредите, тој е пренесен во специјална болница „Свети Еразмо“ во Охрид а потоа во ургентен центар Скопје. Со повреди од огнострелно оружје се здобил и Б.Б.(45) од струшкото село Велешта кој е пренесен во Општата болница во Струга каде му  е извршена хируршка интервенција и задржан на понатамошно лекување.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Струга во содејство со полициски екипи. Притоа, пронајдени се и подигнати чаури од пиштолска муниција и чаури од автоматска пушка како и други предмети кои ќе се вештачат во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Секторот за внатрешни работи Охрид и полициската станица од Струга презема и други дополнителни мерки за утврдување на сторителот на кривичните дела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1