Српската полиција уапсила двајца дилери на оружје во центарот на Нови Сад.
Акцијата за приведување била извршена на булеварот Ослободување при што со џипови го пресекле патот на сомнителниот црвен автомобил.
Министерот за полиција на Србија, Небојша Стефановиќ изјавил дека во успешната акција на новосадската полиција и жандармерија уапсени се двајца дилери на оружје.
– Запленета е голема количина на оружје- два пушкомитралези, нешто повеќе од три килограми експлозив, два автопати и поголема количина муниција, рекол Стефановиќ.
Според министерот оружјето било наменето за францускиот пазар.