Турција треба да плати компензации за соборување на рускиот воен авион покрај турско-сириската граница минатиот месец, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Алексеј Мешков.
Според него Турција треба да даде гаранции дека такви инциденти нема да се случуваат во иднина.
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи изјави дека е невозможно да бидат исполнети руските барања за компензација за соборениот авион.