Уапсен бизнисменот кој заработуваше на сметка на болните од ХИВ


Поранешниот директор на фармацевската компанија „Ретрофин Инг“ , со албанско-хрватско потекло, Мартин Шкрели уапсен е под обвинение за измама, соопшти Федералното истражно биро на САД(ФБИ). Шкрели во септември предизвика бура од негодувања бидејќи ја зголеми цената на спасоносниот лек за пациентите заразени со ХИВ , за како што велат, 5.000 одсто(за 50 пати).26213golema

Како што известува АФП, апсењето не е поврзано со енормното зголемување на цената на лекот „Дараприм“ кој се користи за лекување на маларија и ХИВ, туку заради проневера во компанијата „Ретрофин“ на која бил на чело порано.

Во обвинението стои дека 32 годишниот Шкрели, заедно со уште неколку други луѓе направил три меѓусебно поврзани измами од септември 2009.та до септември 2014.та година. Тие, како што се прецизира во обвинението ги убедиле инвеститорите да вложат пари во два фонда и незаконски си го присвоиле имотот на компанијата „Ретрофин“, за да ги покријат личните и професионалните долгови на Шкрели. Заедно со нив е уапсен и адвокатот кој бил надворешен советник на компанијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1