Нови студентски домови – нов универзитет во Скопје


На местото на старите бараки од студентскиот дом „Невена Георгиева-Дуња“ попознат како Медицинар, ќе се гради нов дом за студенти со современи услови, на површина од 1.200 метри квадратни. Од идната академска 2016/2017 година во Скопје ќе почне да работи нов државен универзитет  – „Мајка Тереза“ со настава на македонски, албански и англиски јазик, најави денеска премиерот Никола Груевски.gruevski-s-domovi3-640x427

Премиерот Никола Груевски денеска беше во посета на бараките на поранешниот студентски дом Медицинар, на местото каде што во следните 3 месеци ќе започне да се гради новиот студентски дом.

Министерот и заменик министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми и Спиро Ристовски, на премиерот му ги презентираа проектите за изградбата на новите три студентски домови, од кои едниот ќе се гради во Тетово.

-Во следните 3 месеци ќе започне да се гради новиот студентски дом на местото на затворените бараки на поранешниот студентски дом Медицинар. Овојстудентски дом ќе има капацитет од 350-400 легла за студенти и плус спортска сала, изјави денеска премиерот Никола Груевски.studentski-dom-640x316

Новиот студентски дом ќе биде на површина од околу 1200 м2, а средствата за изградба се веќе обезбедени.  Планирано е дека до 15 јануари да се објави тендер за градба по што ќе започне рушење на бараките.

Покрај тоа Владата веќе донесе одлука и за градење на други 2 студентски домови од кој едниот ќе се гради во Скопје а другиот во Тетово.

-Студентскиот дом кој ќе се гради во Скопје и тоа во близина на спортската сала „Борис Трајковски“ ќе има капацитет за 400-500 студенти, рече Груевски кој информира дека доколку има потреба од ќе има и повеќе легла.

Студентскиот дом на Универзитетот во Тетово ќе има околу 350 легла, а доколку се јави потреба истиот може да има и до 500 легла.studentski dom

Исто така, во завршна фаза е и тендерот за целосно реновирање на блокот А во студентскиот дон „Гоце Делчев“, каде што комплетно е реновиран блокот Б. Објавен е тендер за проект за реновирање и на блоковите В и Г.

Премиерот истакна и дека во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе почне и изградба на зграда Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), кој немаше свој објект, и на Факултетот за физичка култура (ДИФ) кој работи во стари и дотраени бараки. Изградбата треба да заврши за една и пол година.

– Денеска донесовме одлука да се отвори уште еден универзитет во Скопје. Ќе се вика „Мајка Тереза“, ќе биде на три јазици – на македонски, албански и на англиски и ќе има сериозна интернационална димензија, бидејќи ќе има професори и студенти и Македонци, и Албанци, но и странци. Можно е да има декани странци, можеби и ректор странец зашто законот тоа го дозволува. Универзитетот ќе биде нов квалитет во нашето високо образование, истакна Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1