Еве кој ќе смее да сади марихуана – Во аптека и без рецепт ќе се продава масло од канабис со 0,2 % ТХЦ


Кој ќе ја произведува марихуаната, како ќе се продава, која концентрација на ТХЦ што ќе ја има и зашто целосно не се декриминализира употребата на канабисот и во рекреативни цели. Ова беа темите на кои, на моменти и жестоко,  полемизираа  лекарите со членовите на невладините организации  кои се залагаат за легализација на марихуаната. Најинтересни беше дебата дали има потврдени докази, дека маслото од канабис лекува или помага во лекувањето на малигните заболувања. Се цитираше извештај од американскиот онколошки асоцијација.
Marijuana-BottleИ рекреативните корисниците бараа да се декриминализира марихуаната и како што велат, да можат после напорниот ден да се опуштат како што некои тоа легално го прават со алкохол.
Законот се очекува да стапи на  сила во март, од кога во аптеките ќе се продаваат регистрирани лекови на база на канабис, а и доктор ќе може да препише масло, со јачина во зависност од потребите на пациентите.
Марихуана ќе можат да произведуваат само правни лица, односно компании под строги услови. Интересно е дека  предлог законот овозможува сите граѓани, без рецепт, од аптека да си купат масло до канабис со 0,2 %   ТХЦ, а ќе може да се користи за подобрување на сонот, смирување, во борбата против анксиозност и друго. Законот е се уште во  процес на изработка, а сите корисни предлози од дебатите ќе се вметнат во конечното решение.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1